Во вторник, на 9-ти август, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи свечено доделување на дипломи на генерацијата матуранти 2021-2022 при ОСУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид.
На свеченоста, која ќе започне во 20:00 часот, пред присутните, од името на вработените и учениците во Охридската гимназија, ќе се обрати директорката Светлана Велкоска.
