Божиќниот пост започнува во сабота, на 28 ноември, и трае 40 дена, сè до Бадник, 6 јануари 2027 година. Преку овој пост, верниците на православната црква се подготвуваат за Божиќ – раѓањето на Исус Христос – кој се празнува на 7 јануари.
Божиќниот пост е еден од четирите големи повеќeдневни пости во православното христијанство. Тој е вториот најдолг пост, веднаш по Великиот пост (Велигденскиот пост), иако правилата за исхрана се нешто поблаги.
Имено текот на овој 40-дневен период, верниците се воздржуваат од месо, јајца, млеко и млечни производи, додека консумирањето риба и употребата на масло се дозволени во одредени денови.
Во среда и петок, постот најчесто се држи „на вода“, што значи дека храната што се консумира мора да биде подготвена без масло. Според построгите правила, постот „на вода“ се држи и во понеделник, додека во вторник и четврток е дозволена употреба на масло.
Риба обично се јаде во сабота и недела, како и на одредени празници – вклучувајќи го и Воведението на Пресвета Богородица во храмот, кое се празнува на 4 декември.
Последните денови од Божиќниот пост се построги, не се јаде риба, а на Бадник постот се држи „на вода“.

