HomeАктуелноСеверна Кореја изврши тестирање на хиперсонична ракета

Северна Кореја изврши тестирање на хиперсонична ракета

Северна Кореја изврши тестирање на хиперсонична ракета, Севернокорејската централна новинска агенција соопшти дека вчерашното тестирање било со цел да се провери подготвеноста на моторите на цврсто гориво и маневарските способности на хиперсоничната боева глава, пренесува Ројтерс.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Веста за тестирањето на ракетата е објавена денеска, еден ден откако воените сили на Јужна Кореја и Јапонија детектираа лансирање на ракета од област во близина на главниот град на Северна Кореја. Инаку, станува збор за прво тестирање на балистичка ракета од страна на Северна Кореја во 2024 година.

Според извештајот, тестот бил успешен и не претставувал безбедносна закана за соседните земји.  Армијата на Јужна Кореја, пак, соопшти дека проектилот прелетал околу 1 000 километри пред да заврши во водите меѓу Корејскиот Полуостров и Јапонија.

Доколку Пјонгјанг ги усоврши овие оружја, таквите системи потенцијално би можеле да претставуваат предизвик за одбранбените сили на земјите од регионот, поради нивната брзина и маневарските способности.

Тензиите на Корејскиот полуостров се на највисоко ниво во последните години, откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг ун почна со програми за зголемување на оружените капацитетите на земјата, на што Соединетите Американски Држави (САД) и нивните сојузници од регионот одговорија со засилување на заедничките воени вежби.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.