HomeАктуелноСиноќа започна Вевчанскиот карневал, традиција од околу 15 века [ФОТО+ВИДЕО]

Синоќа започна Вевчанскиот карневал, традиција од околу 15 века [ФОТО+ВИДЕО]

Денеска напладне ќе се одржи официјалниот дел од Вевчанскиот карневал, оваа година по трагичниот настан само со симболично дефиле без музички дел.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Инаку, утре, на верскиот празник Свети Василиј одат на имендени или по вевчански визити во семејствата каде го има името на светецот. Доцна попладнето во центарот на Вевчани се собираат сите василичари, повторно играат оро и ги палат маските со симболика дека злото нема да се повтори. Вевчанскиот карневал, според некои записи датира од настанокот на Вевчани, со традиција од околу 15 века.

Манифестацијата почна синоќа со Dj Ampov и Younge Daddy, а забавата продолжи со настап на Игор Џамбазов со Гуру Харе бенд и Нокаут.

Градоначалникот на Општина Вевчани Спасе Кочовски кажа дека вечерашниот концерт, односно забавниот дел од Вевчанскиот карневал, е откажан поради смртта на млад жител на Вевчани. За дефилето со маски, тој рече дека е можно да се одржи во некоја минимална форма.

Од полицијата кажаа дека ноќеска, околу 1.20 часот, автомобил со вевчански регистарски ознаки, управуван од М.М. (19) од Вевчани, излетал од регионалниот пат кон Вевчани, во близина на село Подгорци, струшко. Возачот загинал во несреќата. Станува збор за синот на поранешниот пратеник Крсто Мукоски.

Поради трагедијата што се случи сношти во Вевчани, во сообраќајна несреќа ни загина млад жител на Вевчани, улиците на Вевчани на 13 јануари никогаш не биле во ваква состојба, празни се, скоро и да не забележав маскирано лице. Вевчани е мало место, сите сме како една фамилија. Вечерашниот концерт е откажан, забавниот дел го откажав, мислам дека нема да има учесници. Имавме средба со василичарското друштво од Горна и Долна маала, дефилето ќе се одржи во некоја минимална состојба, кој ќе учествува не можам да кажам. Вака никогаш не било, кажа градоначалникот.

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, која денеска е во Вевчани, рече дека традицијата ќе продолжи следната година.

Не го препознавам Вевчани вакво. Првин да изразам сочувство за фамилијата, јас за жал знам како изгледа таа болка. Знам дека цела ситуација е неизвесна. Ќе се случува она што ќе одлучат граѓаните на Вевчани. Традицијата ќе продолжи наредната година, кажа таа.

Вевчанскиот карневал се одржува на Василица и е еден од најпознатите на Балканот, а се верува дека е стар 1.400 години. Во 1993 година, Вевчанскиот карневал официјално стана дел од Светската федерација на карневалски градови.

 

 

фото: powerinfo.mk

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.