HomeАктуелноСнег трупа како да е сред зима, еве на кои делови веќе има снежна покривка

Снег трупа како да е сред зима, еве на кои делови веќе има снежна покривка

Снег го завеа Балканот. Покрај Словенија и Хрватска, од утрово снег има и во соседна Србија.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што јавуваат тамошните медиуми, денеска во споредба со вчера е постудено од 15 до 20 степени, а снег врне и во Златибор, како и во Шабац, Косјериќ, Тара и Фрушка Гора.

Снегот во областа Златибор и Тара е влажен и се топи.

Засега нема проблеми во сообраќајот.

На Златибор утрово во 19 часот се измерени 0 степени Целзиусови.

Снег почна да паѓа и на ридовите околу Ужице и Дебела брдо, а во пониските места лапавица.

За потсетување, Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) за денеска најави облачно време со врнежи од дожд, врнежи и грмежи, а на високите планини снег.

Пообилни врнежи се очекуваат на југот од земјата.

Како што може да се види на видеото објавено на „Блиц.рс“, снег провејува и на Фрушка Гора.

фото

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.