HomeАктуелноСо 65 гласа „за“, ниту еден “против“ и „воздржан“, избрани новите министри за правда, здравство и животна средина

Со 65 гласа „за“, ниту еден “против“ и „воздржан“, избрани новите министри за правда, здравство и животна средина

Фатмир Меџити како министер за здравство, Кренар Лога како министер за правда, Азир Алиу како министер за информатичко општество и администрација (сите тројца од Алијанса за Албанците) и Каја Шукова од СДСМ како министерка за животна средина и просторно планирање се новите членови на владиниот кабинет.

Четворицата беа избрани доцна вечерва во македонското собрание, на седница која беше посветена на реконструкција на владата. Од 114 присутни пратеници, „за“ Шукова, Лога и Меџити гласаа 65, додека Алиу мина со 64 гласа „за“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Меџити го презема ресорот здравство од Беким Сали од Алтернатива, Лога ја наследи челната позиција во Правда од Никола Тупанчески, Алиу ќе раководи со МИОА на местото на Адмирим Алити, додека Шукова во МЖСПП доаѓа на местото на Насер Нуредини.

По изборот и свечената заклетва, седницата продолжи со точка за разрешување на тројца заменици министри – Абдулшуќур Абедини од Алтернатива (за земјоделство), Лулзим Алиу од Алтернатива (за образование и наука) и Башким Хасани од ДУИ (за одбрана). Со нив заминуват и Владимир Рендевскми од СДСМ (заменик министер за здравство) и Агим Нухиу (заменик министер за правда) кои самите поднесоа оставки.

Потоа седницата беше прекината и закажана за утре попладне (14 ч.) со точка за именување на нивни заменици.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.