HomeАктуелноСо одлука на Националниот парк Шар Планина се забранува користењето ратраци за скијачки тури

Со одлука на Националниот парк Шар Планина се забранува користењето ратраци за скијачки тури

Директорот на Националниот парк „Шар Планина“, Ибрахим Дехари донел одлука со која се забранува организирање на туристички активности – скијачки тури со ратрак на територија на националниот парк.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според образложението во одлуката, мерката се воспоставува заради спречување на оштетувањето и уништувањето на биолошката и пределска разновидност, деградација на почвата и губење на нејзината плодност и оштетување врз живеалиштата квалификувани во Планот за управувањето со Националниот парк Шар Планина.

Ратраците се идентификувани како едни од потенцијалните најголеми закани за заштитеното подрачје со оштетувањата кои ги прават машините во услови на недоволна снежна покривка. Во неколкуте контроли извршени на теренот на кој се организираат ваквите активности евидентирана е потребата за регулирање на оваа дејност. Мерката се воспоставува со цел да се обезбедат поволни услови за заштита и унапредување на природата се до моментот на спогодба за регулирање на меѓусебни права и обврски помеѓу вршители на дејноста и ЈУНП, се наведува во одлуката потпишана од директорот Дехари.

Одлуката се однесува на неопределен временски период, со исклучок од 20 до 25 март за терени на северната страна на кои имаа доволна снежна покривка за завршување на скијачката сезона.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.