HomeАктуелноСончево со мала до умерена облачност

Сончево со мала до умерена облачност

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во западните делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во Охрид сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 18 степена.

Во сабота попладне ќе има локален пороен дожд со грмежи, а во недела ќе преовладува претежно сончево и топло време. Во почетокот на следната седмица времето ќе биде нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.