Денеска (20.07.2023) во 00.20 часот, на магистралниот пат Кичево- Струга, случена е сообраќајна незгода помеѓу патнички моторни возила „фолксваген” со охридски регистарски ознаки, управувано од Џ.Е.(75) од Охрид и „мерцедес” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(24) од селото Обршани, прилепско. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот Џ.Е., а со телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „фолксваген”, Т.Е.(57) од Република Албанија, констатирани во специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од СВР Охрид.
