HomeАктуелноСоопштение за теристичка дезинсекција на територијата на Општина Охрид

Соопштение за теристичка дезинсекција на територијата на Општина Охрид

Согласно Законот за заштита  на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009,  149/2014, 150/2015 и 37/2016 ), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина   како општа противепидемиска мерка Општина Охрид го издава следното  соопштение:

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид  дека  на   ден  30.06.2025 год.  (понеделник)   ќе  се спроведе теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 19 часот во понеделник  до 06 часот во вторник.

Со дезинсекцијата ќе биде  опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с. Подмолје до  комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег на река Грашница, Коселска Река.

Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на  пчелите.

Исто така се молат и граѓаните во тој период да го намалат своето движење на посочениот опфат.

Во случај на појава на неповолни временски услови  (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.