HomeАктуелноСтолтенберг: НАТО ќе ја заштити Бугарија и секој сантиметар на својот сојузник

Столтенберг: НАТО ќе ја заштити Бугарија и секој сантиметар на својот сојузник

Во специјалното видеообраќање, по повод 18-годишнината од влегувањето на Бугарија во НАТО, генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, го забележа придонесот на Софија, велејќи дека, е уште позначаен во овој клучен момент, за безбедноста на останатите држави членки.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Столтенберг, војната на претседателот Путин во Украина, дневно носи смрт и уништување, загрозувајќи ја безбедноста во Европа и предизвикувајќи го целиот светски поредок.

Сојузниците во НАТО ја осудуваат таа војна и го повикуваат Путин веднаш да ја запре, да ги повлече своите трупи и да се сврти кон дипломатијата, изјави Столтенберг.

Тој потсети дека Бугарија испрати хуманитарна помош за Украина, вклучувајќи и за засолниште, како и медицински материјали, како и дека прима бегалци. Според него, моментално има стотици илјади воени сили во висока готовност низ Унијата. Има 100.000 американски војници во Европа и уште 40.000 под директна команда на НАТО, главно на источното крило на Алијансата, со силна воздушна и поморска поддршка, како и противвоздушна одбрана.

Столтенберг соопшти дека сојузниците од Алијансата испратиле воени сили во Бугарија. Шпанија испратила борбени авиони „Еурофајтер“, а наскоро Холандија ќе испрати Ф-35, работејќи рамо до рамо со бугарските военовоздухопловни сили, додаде тој.

Мултинационална борбена група на НАТО, што ја создава Бугарија, е пример за трансатлантска солидарност на дело, е јасна порака, дека сите сме обединети, истакна генералниот секретар на НАТО.

Столтенберг е категоричен дека Алијансата ќе ја заштитува Бугарија и секој сантиметар од територијата на својот сојузник. Тој упати и повик, Бугарија, како и останатите сојузници, да инвестираат, најмалку, два отсто од БДП во својата одбрана.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.