HomeАктуелноСтудено време и врнежи од снег, еве во кој делови ќе бидат пообилни

Студено време и врнежи од снег, еве во кој делови ќе бидат пообилни

Времето денеска ќе биде облачно и студено, насекаде со врнежи од снег. Наместа, особено во западните делови од земјата, тие ќе бидат обилни, локално над 40 литри на квадратен метар. На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми, локално и над 50 сантиметри.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Позначителна снежна покривка (над 20 сантиметри) ќе се формира и во југозападните делови. Поради ниските температури и засилениот северен ветер, ќе има појава на голомразица и снежни наноси. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од -3 до 4 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. 

Според прогнозата на УХМР, во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со слаб до умерен северен ветер.

Повремени врнежи од снег ќе има и во понеделник, а потоа во следните денови ќе има услови за провејување на слаб снег. Утринските температури насекаде ќе бидат негативни, а и дневните наместа ќе се задржат под нула, информира УХМР. 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.