На 23.07.2023 околу 18.00 часот во близина на плажа на брегот на Охридското езеро, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Д.М.(42) од Скопје.
Тој заедно со А.Ф. од Охрид, го нарушиле јавниот ред и мир со физички напад врз Б.Р.(41) од Охрид. По целосно расчистување на случајот против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
