Полициските билтени деновиве сведочат за полициска акција во Тетово, полицијата е насочена кон „ловење“ продавачи и конзуматори на дрога.
На 21.07.2023 во 21.00 часот на ул.„Борис Кидрич” во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода малолетник од тетовско село затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.
На 21.03.2023 во 23.30 часот на ул.„133″ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода малолетник од Тетово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
