HomeАктуелноТрагедија: Македонец се удави во Албанија

Трагедија: Македонец се удави во Албанија

Вчеравечер на плажата кај Каваја, во близина на Драч се удави македонски државјанин.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Немилиот настан се случил во 19 часот кога 66-годишен жител на Македонија се удави во морските води. Според првичниот наод, странскиот турист доживеал срцев удар веднаш по влегување во вода, се наведува во полициското соопштение.

Откако го забележале давеникот, кон него веднаш се упатиле и други лица од плажата, интервенирала и итна помош, но доктор само констатирал смрт.

Екипа на полицијата и јавен обвинител вршат увид,  по што се очекува телото да биде дадено на обдукција.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.