На 24.07.2023 во 19.36 часот во СВР Охрид било пријaвено дека на магистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на Прентов мост, се случила сообраќајна несреќа помеѓу три товарни возила, „рено” со охридски регистарски ознаки, управувано од Љ.Т.(56) од Охрид, „ман” со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од П.Н.(47) од Велес и „митсубиши” со струшки регистарски ознаки, управувано од В.С.(43) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник од возилото „митсубиши”, А.С.(41) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР.
