HomeАктуелноУЖАС: Вест што ја загрози цела Македонија, силувано на 12 годишно дете

УЖАС: Вест што ја загрози цела Македонија, силувано на 12 годишно дете

Наредба за спроведување истражна постапка е донесена од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија против лице со двојно македонско и холандско државјанство, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Осомничениот, на 4 август, во неговата куќа во гевгелиско, извршил полово дејствие врз дете родено 2011 година, искористувајќи го моментот кога детето останало само со него во куќата.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека ќе се даде во бегство, ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците и дека ќе го повтори или ќе го доврши кривичното дело. Предлогот е прифатен и со решение на Судот на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.