HomeАктуелноУСВОЕН ВТОРИОТ РЕБАЛАНС: Повеќе пари за социјална помош, здравство и породилни надоместоци

УСВОЕН ВТОРИОТ РЕБАЛАНС: Повеќе пари за социјална помош, здравство и породилни надоместоци

Собранието вчера го усвои вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година, со 67 гласа „за“ и 15 „против“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Но, што значи новото прекројување на државната каса за граѓаните?

Со ребалансот се обезбедуваат дополнителни 3,7 милијарди денари за социјални трансфери, од кои 1,4 милијарди денари се наменети за социјални надоместоци.

Дополнителни 887 милиони денари се обезбедени за здравствена заштита, додека за Министерството за социјална политика, демографија и млади се предвидени дополнителни средства за ранливите категории, социјалната помош, народните кујни и социјалните услуги.

Предвидени се и 600 милиони денари за редовна и навремена исплата на породилните надоместоци.

Вкупните приходи во Буџетот се намалуваат за околу 5,3 милијарди денари и се проектираат на 374,2 милијарди денари, додека расходите се планирани на 420,5 милијарди денари.

Буџетскиот дефицит останува 46,3 милијарди денари.

Од Министерството за финансии велат дека со измените се обезбедува стабилност на буџетот до крајот на годината и финансирање на обврските кон граѓаните, меѓу кои платите, пензиите и социјалните надоместоци.

Практично, најважната порака за граѓаните е дека со ребалансот се пренасочуваат дополнителни средства токму кон социјалната и здравствената заштита.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.