Денеска во утринските часови напад со нож се случил во основно училиште во населбата Пречко во Загреб. Според првичните информации, напаѓачот наводно е малолетник, а повредени се вкупно седум лица, пет деца и двајца возрасни.
Од полицијата велат дека нападот се случил околу 9 часот и 50 минути.
Напаѓачот бил 19-годишен.
Луѓето на социјалните мрежи пишуваат дека децата избегале низ прозорецот.
Пред училиштето пристигнаа градоначалникот на Загреб Томислав Томашевиќ и хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ.
За ова се огласи и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.
Ние, како и целата хрватска јавност, сме згрозени од трагедијата во основното училиште. Таму се министерот Божиновиќ и министерот Фукс. Тие, како и полицијата и сите служби, се обидуваат да утврдат се. Засега имаме информации дека неколку ученици се згрижени во неколку болници. Министерот Хрстиќ сега ќе оди да види каква е состојбата со повредените. Штом имаме повеќе информации, ќе ја информираме јавноста за деталите и ќе се изјасниме, соопшти Пленковиќ
Утрешниот ден на жалост градоначалникот на Загреб,Томислав Томашевиќ го прогласи подрачјето на градот поради трагичниот напад врз учениците и вработените во основното училиште Пречко – соопштија од градот.
Денот на жалост ќе биде одбележан со спуштање на знамињата на половина копје и истакнување црни знамиња.
На Денот на жалост нема да има забава, а музиката што ќе се пушта на јавни места треба да биде соодветна за Денот на жалост. Правните лица кои вршат телевизиска и радио дејност на подрачјето на градот Загреб треба да ги приспособат своите програми за одбележување на Денот на жалост, соопштија од градот.
