HomeАктуелноФилмот „Те дуа, жими мене“ премиерно во Охрид

Филмот „Те дуа, жими мене“ премиерно во Охрид

На кино репертоарот во НУ Центар за култура „Григор Прличев”-Охрид премиерно ќе се прикажува филмот „Те дуа, жими мене“ во сабота, 30.09.2023 година, со почеток во 20.00 часот, цена на карта 150 денари.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Маалски џанак, коцкар и хармоникаш трудејќи се да ја вратат назад купената жена од Албанија стануваат дел од мафијашка зделка и мораат да се справат со низа на несекојдневни ликови,  се вели во содржината за филмот.

Режијата е на Марјан Гавриловски, а во филмот играат Никола Кузелов, Атанас Атанасовски, Валентин Видовиќ, Ангела Стојановска, Сенко Велинов, Тони Михајловски, Игор Џамбазов, Исмаил Касуми, Мирсад Ибази, Мими Таневска, Владо Јовановски, Фирдаус Неби, Елдин Широки, Надица Петрова, Руиш Беговска, Талија Настова.

Времетраењето на филмот е 124 минути.

Имено, музиката и аранжманот се дело на Мишел Трајковски а текстот на песната ја напиша Игор Џамбазов. Останатите членови на бендот се: Маестро Иван Кукиќ на бас гитара и Зоран Трендов на гитара. Песната е снимена во студиото „ТРАЛАЛА“ на Мите Димоски.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.