
Денеска во Центарот за управување со кризи (ЦУК) се одржа и се реализираше првиот дел од дводневната работна средба со високи претставници од Шумската служба и Центарот за катастрофи на Пацификот од Соединетите Американски Држави.
Притоа, од страна на директорот Стојанче Ангелов и заменик директорот Екрем Зендели, заедно со тимот професионалци од повеќе сектори на ЦУК, на работната средба беа презентирани Капацитетите за рано предупредување, подготвеност и превенција од катастрофи.

Од американска страна од Крис Чиеса, заменик директорот на американскиот Центар за кризи за пацифичкиот регион, а одговорен проектен директор за Балканскиот регион, го престави меѓународниот систем за превенција и одговор при катастрофи, со акцент на Балканот.
