HomeАктуелно(ФОТО+ВИДЕО од терен) Трет ден се трага по исчезнатото 29 годишно момче, во истрагата се вклучуваат и армиските Волци

(ФОТО+ВИДЕО од терен) Трет ден се трага по исчезнатото 29 годишно момче, во истрагата се вклучуваат и армиските Волци

Потрагата по 29 годишниот маж кој исчезна во водите на вештачкото езеро Глажња се одвива трет ден.
Поради тешкиот терен за пребарување, многу косиот брег и голема длабочина која започнува веднаш по влегувањето во водата а на петнаесетина метри оддалеченост од брегот достигнува 40 метри, трет ден се ангажирани 10 нуркачи од САЕ Тигар кои се обучени да нуркаат до 40 метри длабочина.
Тим за спасување на ДЗС од Велес врши површинска потрага по брегот на езерото а екипи на СВР Куманово го обезбедуваат местото на несреќата.
Во текот на денешната потрага повторно е употребен подводен дрон на здружението Еко Турист Охрид, со кој се пребарува езерското дно, а неколку можни места се бележени и потоа се пребаруваат од нуркачите на Тигрите.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во секој момент треба да пристигнат и 8 нуркачи од армиските специјалци Волци  кои ќе се приклучат на потрагата.

 

 

Е.Р

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.