HomeАктуелноФранција и Италија купуваат 700 противвоздушни ракети од среден дострел

Франција и Италија купуваат 700 противвоздушни ракети од среден дострел

Франција и Италија денеска потпишаа договор за купување на околу 700 противвоздушни ракети со среден дострел „Астер“ од конзорциумот „Еуросам“, соопшти француското Министерство за надворешни работи.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

„На 30 декември двете држави испратија договор до француско-италијанскиот конзорциум „Еуросам“ за производство на околу 700 ракети Астер“, се наведува во соопштението што го пренесе агенцијата Анадолија.

Според договорот, Италија и Франција ќе ги добијат „Астер 15“, „Астер 30Б1“ и најновата верзија на „Астер 30 Б1НТ“.

Од министерството изјавија дека станува збор за една од најголемите нарачки, додавајќи дека ќе бидат потребни адаптации во целиот воено индустриски сектор.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.