HomeАктуелноХАОС НА АЛБАНСКОТО КРАЈБРЕЖЈЕ: Голем пожар во Химара, уништени шест куќи, евакуации и хеликоптери во акција

ХАОС НА АЛБАНСКОТО КРАЈБРЕЖЈЕ: Голем пожар во Химара, уништени шест куќи, евакуации и хеликоптери во акција

Голем шумски пожар синоќа избувнал на територијата на општина Химара, на албанското крајбрежје. Поради силниот ветер, огнот брзо се проширил и го загрозил околното подрачје и неколку куќи, јавува дописникот на „Топ чанел“, Микел Марси.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според информациите од службите за итни случаи, досега е пријавено дека пожарот целосно уништил шест куќи. Три од нив биле населени, а три биле празни.

Жителите велат дека поминале тешка ноќ. Како што се ширел огнот, неколку жители и туристи биле принудени да ги напуштат домовите и објектите во кои престојувале и да се упатат на побезбедни места. За среќа, според првичните информации, нема повредени.

Туристичките работници и сопствениците на локалните бизниси велат дека пожарот ги затекнал неподготвени, а поради силниот ветер пламените јазици брзо се ширеле.

Ситуацијата останала тешка до рано утринава. Околу 2 часот по полноќ избувнал пожар и во уште една куќа, што дополнително ја зголемило паниката меѓу семејствата што живеат во областа.

Големиот пожар предизвикал значителна материјална штета, а пожарникарите продолжуваат со напорите за ставање на огнот под контрола и негово гаснење.

Во меѓувреме, утрово почнала и воздушна операција за гаснење на пожарот, при што хеликоптери истураат вода врз огнените фронтови. Припадници на вооружените сили се распоредени на терен, заедно со голем број пожарникари кои пристигнале од различни градови во земјата.

Пожар избувнал и во областа Фиер, каде што пламените јазици брзо се прошириле кон Леван, Пештан и кон Вогел, зафаќајќи маслинови насади, борови шуми, грмушки и објекти. Поради приближувањето на огнот кон населените места, според првичните медиумски извештаи, околу 15 семејства биле евакуирани.

Видео

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.