HomeАктуелноХаос на Стража – снег и паднати дрвја го парализираа сообраќајот

Хаос на Стража – снег и паднати дрвја го парализираа сообраќајот

На планинскиот премин се случи инцидент откако поради обилниот снег и силниот ветер паднаа неколку дрвја на коловозот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Сообраќајот беше отежнат, а на патот се создадоа колони возила. Возачите беа принудени да застанат и да чекаат додека се расчистува паднатата ограда од дрвја. Среќа во несреќа е што нема повредени лица, но штетата на патната инфраструктура е видлива, а условите за возење остануваат опасни.

Надлежните служби апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот, а граѓаните да избегнуваат патување преку планинските премини без зимска опрема.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.