HomeАктуелноЦУК: Шумски пожари и при снежни услови, да не се палат отпадоци и контејнери на отворено

ЦУК: Шумски пожари и при снежни услови, да не се палат отпадоци и контејнери на отворено

Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје во изминатото деноноќие гаснеше пожари во населени места во Скопско. Со едно противпожарно возило и четири пожарникари од 17:20 до 20:15 часот гаснеа запалена шума над рудникот „Бањани“ во Општина Чучер Сандево.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Старо Нагоричане вчера од 14:20 до 18:30 часот со едно противпожарно возила и двајца пожарникари интервенирале на запалена нискостеблеста шума и ниска вегетација кај селата Степанце и Бајловце.

– Во последното деноноќие имало извештаи дека на повеќе места во државата пожарникарите имале помали интервенции, што најчесто значи дека имало гаснење пожари на отворено: отпадоци, контејнери, соопшти ЦУК.

ЦУК апелира да не се палат отпадоци и контејнери на отворено бидејќи тоа го намалува квалитетот на амбиенталниот воздух и граѓаните да ги слушаат препораките на пожарникарите во поглед на чистење на оџаците.

Граѓаните да внимаваат при прошетките во природа на повисоките места и планините во нашата држава бидејќи при вакви зимски услови со снег и мраз е лизгаво, особено на осоите.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.