HomeАктуелно„Охридски Комуналец” го одбележа својот патрониот празник: Нови инвестиции за почист и зелен Охрид

„Охридски Комуналец” го одбележа својот патрониот празник: Нови инвестиции за почист и зелен Охрид

На свеченоста, пред присутните се обрати директорот м-р Сашо Најдески, кој ја истакна важноста на овој значаен ден за претпријатието и градот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во своето обраќање Најдески најпрво упати честитка до сите граѓани по повод Денот на ослободувањето на Охрид, а на вработените им го честита патрониот празник на Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид.

Тој потсети дека приказната на претпријатието започнува уште во 1952 година, со јасна мисија: да се создаде поубав, почист и поуреден Охрид. Во текот на децениите, „Охридски Комуналец“ стана неизоставен дел од секојдневието на охриѓани — со екипи кои од рано утро до доцна вечер се грижат за чистите улици, зелените паркови и здравата животна средина.

Директорот истакна дека претпријатието, како единствен извршител на комунални услуги на територијата на Општина Охрид, ги опфаќа следниве основни дејности:

  • собирање, транспорт и депонирање на комунален отпад,

  • одржување на јавна чистота,

  • одржување на паркови и зеленило на територијата на целата општина.

„Нашата работа не е само чистење — таа е грижа, одговорност и љубов кон градот,“ нагласи Најдески.

Тој најави дека во наредниот период претпријатието, во соработка со Општина Охрид, влегува во нова развојна етапа — обновување и модернизација на возниот парк, со набавка на нови еколошки возила и современа опрема, со што ќе се подобри ефикасноста и одржливоста на работењето.

„Нашата цел е едноставна, но голема: Чист Охрид. Зелен Охрид. Охрид на кој сите се гордееме,“ порача директорот.

Како дел од програмата, беа доделени и наградите за долгогодишен труд — признанија за 30, 20 и 10 години непрекинат работен стаж. Вкупно 28 вработени беа пофалени за нивниот континуиран придонес во развојот на претпријатието.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.