Љупчо Коцарев е авангардна личност, освен тоа е и нашиот најпознат и најпризнаен интелектуалец, еден од најцитираните автори, професори, научници, човек кој многу одамна застанал во одбраната на интересите на Македонија. Неговиот импозантен лик и дело не прават среќни и горди на сите нас. Академик Љупчо Коцарев е по потекло од Охрид. Дипломирал на Електротехничкиот факултет во Скопје , магистрирал на Електротехничкиот факултет во Белград, а докторирал на Институтот за физика на Природно – математичкиот факултет во Скопје. Неговата богата наставно- научна дејност почнува на Електротехничкиот факултет во Скопје, продолжува на Универзитетот Калифорнија во Сан Диего- САД, а студиски престои остварува во САД, Германија, Италија, Унгарија, Шпанија. Неговите публикации се цитирани илјадници пати исто како и превземањата на текстовите од книгите кои ги едитирал. Научниот интерес е широк во областите на физиката, техничките и компјутерските науки. Фасцинира бројот на публикации објавени во часописи со фактор на влијание,во зборници на рецензирани трудови. Едитор е на шест книги и автор на шест патенти одобрени во САД и Европа. Академик Коцарев е редовен член на МАНУ од 2007, а во ноември 2019 година е избран за претседател на МАНУ. Најдобра илустрација за неговата важност во Светот на науката е што престижниот универзитет Стенфорд го ставил на листата на најдобри топ научници на сите времиња од сите области. – напиша на фб градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков.