Утре, во петок, претпладне, на Меѓународниот аеродром Скопје ќе пристигнат посмртните останки на починатите од автобуската несреќа во Република Бугарија.
Со два воени транспортни авиони утре изутрина од Бугарија ќе бидат транспортирани останките на 45-те македонски граѓани кои загинаа во автобуската несреќа на патот „Струма“, изјави денеска бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов.
Во фаталната несреќа загинаа 45 македонски патници, а 7 преживеаја. Преживеаните веќе се отпуштени од болницата „Пирогов“, и беа префрлени на скопските клиники.