HomeАктуелноАнкета на ИПСОС: Двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ

Анкета на ИПСОС: Двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ

Агенцијата ИПСОС за потребите на ВМРО-ДПМНЕ спроведе теренска анкета на јавното мислење на 1.014 испитаници за периодот од 01 до 18 јули 2022 година. Анкетата се однесува на повеќе актуелни прашања.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

1.  На прашањето доколку на следните избори би се кандидирале само партии , а не коалиции, за која партија би гласале? (*на целата популација)

• ВМРО-ДПМНЕ 19.7%
• СДСМ  9.5%
• ДУИ 6.2%
• Левица 5.9%
• Алијанса за Албанците 2.8%
• Други 4.2%
• Неодлучиле 22.5%
• Одбиле да одговорат 17%
• Не би гласале 12.2%

2.  На прашањето доколку на следните избори би се кандидирале само партии , а не коалиции, за која партија би гласале? (* со push нa 48% од определената популација )

• ВМРО-ДПМНЕ 40,8%
• СДСМ  19,6%
• ДУИ 12,8%
• Левица 12,2%
• Алијанса за Албанците 5,9%
• Други 8,7%

3.  Според вас кои се најзначајните проблеми со кои се соочува Република Македонија во моментов, проблеми за кои вие лично сте најмногу загрижени?

• Економија/економска состојба/финансии  20%
• Лош стандард/мали плати и пензии/ високи цени/ инфлација 16%
• Француски предлог/Бугарија 8%
• Невработеност 7%
• Политика и политичка криза/партизирано општество 4%
• Корупција/криминал 4%
• Здравство 3%
• Проблеми со идентитетот на државата 2%
• Промена на името 2%
• Сиромаштија 2%
• Иселување на младите од државата 2%
• Неизвесна иднина/несигурност/нестабилност/ нема напредок 2%
• Има многу проблеми/ општ хаос 2%
• Лоши политичари 1%
• Меѓучовечки односи/поделеност меѓу населението/дискриминација 1%
• Образование 1%
• Земјоделие/пласман на производи 1%
• Владата/тековната власт 1%
• Меѓуетнички односи 1%
• Влез во ЕУ/ евроинтеграција 1%
• Судство 1%
• Проблеми во меѓународна политика 1%
• Енергетска криза/струја 1%
• Нефункционирање на системот и институциите 1%
• Војна/ Украина / Русија/ мир 1%
• Друго 6%
• Не знам 8%

4. Дали го поддржувате или не го поддржувате францускиот предлог за надминување на спорот помеѓу Македонија и Бугарија?

• Не го поддржувам 58%
• Го поддржувам 26%
• Одбива да одговори 16%

5. Како би го оцениле досегашното работење на Димитар Ковачевски како премиер на Република Македонија со оценка од 1 до 5, при што 1 е многу лош резултат, а 5 е одличен резултат?

• Оценка 1  – 36%
• Оценка 2  – 15 %
• Оценка 3 –  20%
• Оценка 4  – 11%
• Оценка 5  – 8%

  • Не знам –  10%

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.