Д-р Небојша Баткоски е добитник на престижната награда „WORLD BUSINESS LEADER“, која му беше доделена во рамките на „THE BIZZ Awards 2026“, глобален настан организиран од Светската конфедерација на бизниси – WORLDCOB.
Церемонијата се одржа од 24 до 27 август 2026 година во Виена, Австрија, каде што се собраа успешни компании, претприемачи и бизнис лидери од повеќе од 130 земји.
Признанието „WORLD BUSINESS LEADER“ го препознава лидерството, визијата и посветеноста на д-р Баткоски во развојот на современ стоматолошки центар, како и неговиот придонес кон унапредувањето на професионалните и деловните стандарди.
Во рамките на свечената церемонија, Dr. Batkoski Dental Center беше одликуван и со сертификатот „EXCELLENCE IN BUSINESS MANAGEMENT“, кој претставува признание за квалитетното управување, професионалноста и високите стандарди во работењето.
Од стоматолошки центар во Охрид до меѓународно признание во Виена – наградите се уште една потврда за развојната визија и определбата на центарот кон постојано унапредување на квалитетот.
Во изминатиот период, центарот инвестира во современа технологија, нови методи на работа, професионална едукација и развој на тимот, со цел обезбедување стоматолошки услуги во согласност со современите светски стандарди.
Признанијата од THE BIZZ Awards 2026 претставуваат значаен успех за д-р Небојша Баткоски и неговиот тим, но и пример дека професионалноста и квалитетот од Македонија можат да добијат внимание и признание на меѓународната сцена.
Со наградите WORLD BUSINESS LEADER и EXCELLENCE IN BUSINESS MANAGEMENT, Dr. Batkoski Dental Center го потврдува својот фокус кон понатамошни инвестиции во знаење, технологија и развој, со визија за стоматологија која ги следи современите светски стандарди.
