HomeАктуелноБесплатна Wi-Fi покриеност на Охрид и Струга

Бесплатна Wi-Fi покриеност на Охрид и Струга

Стотина туристички локации низ државава ќе добијат бесплатно wi-fi во наредниот период. Директорот на АППТ, д-р Љупчо Јаневски и вд директорот на ЈП Национална Радиодифузија, Ендре Кадриу разговараа за детали од проектот со кој се предвидени 100 точки, најзначајни туристички локации да имаат пристап до интернет.

Овој проект ќе се реализира врз основа на Националнот оперативен Бродбенд План – НОБП и опфаќа 100 туристички локации. Прв чекор за реализација на проектот се граничните премини, Wi-Fi покриеност на Охрид и Струга и пристап до интернет на многу други значајни локации, информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Реализацијата на овој проект, додаваат од АППТ е дел од потребата за дигитализација и промоција на туристичките потенцијали што е од особена важност за развојот на туристичката индустрија.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.