В недела, 31 мај, со почеток од 20.00 во салата „Билјанини Извори“ ќе се игра реваншот од финалето во ЕХФ Европскиот куп помеѓу ракометарите на Охрид и Татабања.
На првиот меч одигран во Унгарија, играчите предводени од тренерот Борис Ројевиќ триумфираа минимално со 29:28.
Во недела нѐ очекува последниот и најважен натпревар оваа година. Го играме реваншот против Татабања за која сите знаеме за каква екипа станува збор, навистина силен тим. Ние добро ќе се подготвиме, противникот е фаворит од стартот на натпреварувањето, ние ќе го најдоброто од себе и се надевам дека со поддршката од нашата публика дека можеме да успееме и да се избориме за историја за овој клуб – рече играчот на ГРК Охрид, Тилен Стрмљан.
Судии на возвратниот дуел во Охрид ќе бидат Даниел Мартинс Акото и Роберто Мартинс Акото од Португалија, а ЕХФ делегати се Јири Опава од Чешка и Предраг Бошковиќ од Црна Гора.
