HomeАктуелноБРАВО! Македонските атлети освоија 4 медали на Специјалната олимпијада 2025 [ФОТО]

БРАВО! Македонските атлети освоија 4 медали на Специјалната олимпијада 2025 [ФОТО]

Илина Георгиева и Стефан Трпковски на Специјалните зимски олимписки игри во Торино, Италија, освоија две сребрени медали во категоријата спортски танци, а нашите крос-кантри скијачи, Фатмире Бајрамоска и Албан Бајрамоски, освоија сребрени медалји во крос-кантри скијање.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Нашата делегација на Специјалните олимписки светски зимски игри – Торино 2025, кои започнаа на 7 и ќе траат до 16 март е составена од талентирани спортисти, тренери и официјални лица кои ја претставуваат Македонија на ова големо спортско натпреварување во кое учествуваат над 1.500 спортисти од 102 земји во светот.

Оттаму стасаа одлични вести: македонските атлети освоија четири сребрени медали.

Илина Георгиева и Стефан Трпковски на Специјалните зимски олимписки игри во Торино(ИТА) @specialolympicsworldgames во категоријата Спортски танци освоиле две медали помеѓу учесници од Норвешка, Венецуела, Украина, Словачка, Чешка, Монголија, Индонезија, Мароко, Естонија, Саудиска Арабија…

Илина се закитила со сребро со танц на песната ,,Ој, девојче”, а Стефан се закитил со сребро со танц на песната ,,Море сокол пие”.

За кореографијата и за работата со Илина и Стефан заслужни се и Катерина Јолакоска и нејзиниот тим од танцовото студио „Еурека“ од Скопје.

Сребрени медалји освоиле и нашите атлети крос-кантри скијачи Фатмире Бајрамоска и Албан Бајрамовски.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.