Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов потврди дека гори отпад на депонија во Шуто Оризари, при што над Скопје се издига густ црн чад.
Според првичните информации, пожарот предизвикува големо загадување и е видлив од повеќе делови на главниот град.
Надлежните служби се на терен и работат на локализирање и гаснење на огнот. Се очекуваат дополнителни информации за причините и обемот на пожарот.
