HomeАктуелноВозете внимателно – Еве каква е состојбата на патиштата низ државава!

Возете внимателно – Еве каква е состојбата на патиштата низ државава!

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози во западните и југозападните делови од државата, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот, информира АМСМ.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во останатите делови од државата коловозите се претежно суви. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово, Крушево, на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека. Забраните за сообраќај за тешки товарни возила воведени ноќеска на патните правци Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража и крак Маврово – Дебар, утрово  се укинати.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.