HomeАктуелноВо овој град вода од чешмите тече заматена, граѓаните паничат, никако да не се пие

Во овој град вода од чешмите тече заматена, граѓаните паничат, никако да не се пие

Жителите на Струга од вчера попладне се соочуваат со сериозен дефект во водоснабдувањето. Од чешмите тече темно кафеава вода, што ги принуди надлежните институции да воведат целосна забрана за нејзино користење.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Изворот Шум, кој е главна точка за снабдување на градот, е целосно заматен, објави 4news.mk Првичните анализи на Центарот за јавно здравје откриваат шокантни податоци: параметрите на заматеност се дури 30 пати повисоки од дозволените норми.

Пиење и готвење;
Одржување на лична хигиена.
Од Центарот за јавно здравје предупредуваат дека состојбата е критична и дека Струга би можела подолг период да остане без безбедна вода за пиење.

„Направив мониторинг на терен и констатирав дека водата во изворот Шум е буквално како кал. Мерењата во куќите и училиштата потврдуваат екстремна заматеност. Ситуацијата е сериозна. На стружани им преостанува да купуваат флаширана вода или, во краен случај, да користат езерска вода која ќе ја загреваат само за одржување хигиена“, изјави Лидија Симонска од Центарот за јавно здравје.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.