HomeАктуелноВо Прилеп утре Ден на жалост, по трагедијата која ја стересе цела Македонија

Во Прилеп утре Ден на жалост, по трагедијата која ја стересе цела Македонија

Поради трагичната сообраќајна несреќа на магистралниот пат Прилеп-Битола во која загинаа три медицински лица од Прилеп, двајца лекари и радиолошка техничарка, претседателот на Советот на општина Прилеп за 18 часот закажа вонредна седница на Советот со единствена точка на дневниот ред – Предлог-одлука за прогласување на ден на жалост во Прилеп. Согласно предлогот, утрешниот ден, петок 4 октомври ќе биде прогласен за Ден на жалост.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во сообраќајната несреќа изутрината на магистралниот пат Прилеп-Битола, на излезот од градот кај селото Лагово загинаа Александар Ристески, специјалист радиолог, гинекологот Никола Василески и радиолошкиот технолог Фанче Јованоска кои долги години работеа во битолската болница Плодност. Несреќата се случила при судир на патничко моторно возило „тојота“ во кое биле медицинските лица и товарен камион. Поради силината на ударот избил пожар.

До овој момент делницата на патот Прилеп-Битола се уште е забранета за сообраќај, и сообраќајот се пренасочува по алтернативни патишта.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.