HomeАктуелно„Галичка свадба“ повторно ги собра љубителите на традицијата од земјата и странство

„Галичка свадба“ повторно ги собра љубителите на традицијата од земјата и странство

Денеска, на „Галичка свадба“, најмладите галичани ме пречекаа со домашна нафора и сол, а потем проследив дел од свадбарските обичаи што со векови се пренесуваат низ мијачкиот крај, како еден од најавтентичните изрази на македонското културно наследство, напиша претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

-На овогодинешните младенци, Мартина Михајлова и Александар Пендароски им го честитав бракот и во својство на покровителка им подарив галичка пафта со мотив од традиционалната галичка носија, којашто е симбол на плодноста и македонското свадбено богатство.

Им посакав заедничкиот живот да им биде исполнет со љубов, доверба и меѓусебна почит, а домот со разбирање и детска смеа.

Од година во година, манифестацијата привлекува сѐ повеќе посетители од земјата и од странство, останувајќи еден од најпрепознатливите симболи на македонскиот културен идентитет, напиша претседателката.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.