Ве известуваме дека во Општина Дебрца падна првиот снег. Во согласност со подготовките за зимската сезона, екипите на Општина Дебрца и ЈПКД-Дебрца за зимско одржување на патиштата веднаш се упатија на терен. Тие активно работат на расчистување на патиштата и обезбедување на безбедноста на сообраќајот. Ги повикуваме граѓаните да бидат внимателни и да се придржуваат кон сите безбедносни упатства при движењето во услови на снег и лед. За сите проблеми и итни ситуации, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 075458739, Со Почит, ЈПКД – Дебрца – стои во објавата на ЈКПД – Дебрца