HomeАктуелноГрадоначалникот Пецаков на средба со амбасадорката на Кина: Фокус на туризмот и културната соработка

Градоначалникот Пецаков на средба со амбасадорката на Кина: Фокус на туризмот и културната соработка

Градоначалникот Кирил Пецаков вчера оствари протоколарна средба со амбасадорката на Н.Р. Кина, Н.Е. Џијанг Сјаојан која беше во прва официјална посета на Општина Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На средбата беше разговарано за можностите за зајакнување на заедничката соработка во повеќе општествени сфери, пред се во делот на туризмот, економијата и културата. Градоначалникот Пецаков ја информираше амбасадорката дека од година во година се зголемува бројот на туристи кои го посетуваат Охрид и изрази надеж дека ваквата тенденција ќе продолжи и во иднина и дека бројот на туристи од Кина исто така ќе биде зголемен, информираат од Општина Охрид.,

Соговорниците, велат, ја потенцираа и важноста на културната размена и можноста за гостување на уметници од Кина на фестивалот „Охридско лето“.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.