ТППЕ утрово прими дојава за излетано возило во река, кај с.Ботун , Општина Дебрца. Интервентната екипа со 1 возило и 5 пожарникари упатена е на местото на несреќата при што има затекнато превртен автомобил во река. Автомобилот со патниците е извлечен од реката ,меѓутоа кај двете лица не се забележуваат знаци на живот.., информираат од таму.
ТППЕ – Охрид упатува АПЕЛ до учесниците во сообраќајот да бидат внимателни кога управуваат моторни возила , да ја следат патната сигнализација и да ја прилагодат брзината спрема условите на патот.