HomeАктуелноДетална временска прогноза, најава за дожд и ниски температури

Детална временска прогноза, најава за дожд и ниски температури

Времето денеска ќе биде променливо облачно со поголема облачност во западните делови од земјата и со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Максималната температура во Охридскиот регион ќе достигне 15 степени.

Во наредните денови не очекува слично време. Поненеделник ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а од вторник претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се движи во интервал од -2 до 8, а максималната од 6 до 17 степени, информира УХМР.

Прогноза за 12.11.2024

Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 7°C до 14°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Во текот на ноќта претежно во јужните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а само на највисоките планини од повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 13.11.2024

Минимална температура: 1°C до 7°C
Максимална температура: 6°C до 12°C

Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 14.11.2024

Минимална температура: 1°C до 8°C
Максимална температура: 11°C до 17°C

Претежно облачно со повремени локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.