HomeАктуелноДолгогодишниот проблем за пациентите е решен, но, клучното прашање останува дали и колку ќе бидат достапни термините?!

Долгогодишниот проблем за пациентите е решен, но, клучното прашање останува дали и колку ќе бидат достапни термините?!

Специјалнатa болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо” во Охрид,  за првпат по 50 години доби апарат за компјутерско снимање со магнетна резонанца.

Додека, Општа болница Кичево првпат добива најсофистициран апарат за компјутерска томографија (КТ). Кичевци повеќе нема да патуваат до Гостивар, Тетово или Скопје за преглед. Веќе пациентите нема да бидат во агонија додека чекаат термин за дијагностицирање или контрола на сериозни заболувања.

Со новите апарати овозможуваме полесна работа и на специјалистите од различни области. Изразувам голема благодарност на нашите пријатели од ЕУ, евроамбасадорот Гир и холандскиот амбасадор Коп, кои финансиски го поддржаа овој проект за помодерен, современ здравствен систем каков што заслужуваат пациентите и медицинскиот персонал, рече министерот Венко Филипче по повод испораката на медицинска опрема од ЕУ во вредност од 3,7 милиони евра за нашата земја.

Со донација од 3,7 милиони евра, апарати за магнентна резонанца добија и болниците во Струмица и во Прилеп. ЕУ обезбеди и апарати за компјутерска томографија за Кавадарци, Куманово, Гевгелија, како и за Универзитетската клиника за пулмологија во Скопје.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.