HomeАктуелноГРК Охрид го доби дербито со Алкалоид во машката Супер-лига

ГРК Охрид го доби дербито со Алкалоид во машката Супер-лига

ГРК Охрид славеше против Алкалоид со 26-24 во дербито од шестото коло во ракометната Супер-лига, нанесувајќи му го првиот пораз на тимот предводен од Кирил Лазаров оваа сезона. Алкалоид до дуелот со охриѓани имаше пет победи во низа.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Домашниот состав до триумфот го предводеа голманот Славиќ со 10 одбрани и Мате со шест погодоци. Кај гостите, Никола Костески беше најефикасен со шест гола, додека Дамјан Митев постигна пет.

Алкалоид подобро го отвори натпреварот и поведе со 7-4, но не ја искористи можноста дополнително да ја зголеми предноста. Охриѓани одговорија со серија од 7-1, со која направија пресврт и во 25. минута поведоа со 11-8. На паузата домашниот тим замина со предност од 15-11.

ГРК Охрид продолжи во ист ритам и во второто полувреме, кога стигна и до највисоки шест гола предност (19-13). Славиќ повторно беше еден од клучните играчи, а охриѓани умешно ги користеа грешките на противникот за да ја задржат контролата врз резултатот.

Алкалоид се обиде да се врати во завршницата, но домаќините не дозволија неизвесен финиш. ГРК Охрид поведе со 25-19 во 53. минута и ја задржа предноста до конечните 26-24.

Во останатите натпревари, Вардар ја продолжи победничката серија и остана единствениот тим со максимален учинок по шест кола. „Црвено-црните“ славеа на гостувањето кај Струга со убедливи 33-24.

Младост и Пелистер одиграа нерешено 30-30, Прилеп го совлада Бутел Скопје на гости со 29-27, додека Тиквеш минимално го победи Мулти Есенс со 27-26.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.