HomeАктуелноДржавата ќе дели ваучери за клими, познато и како да се пријавите

Државата ќе дели ваучери за клими, познато и како да се пријавите

Министерството за економија ќе подели 4 милиони евра на домаќинствата за клим-уреди за да ги намалат сметките за струја и да придонесат за енергетска ефикасност. Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека програмата годинава е изменета и проширена во согласност со барањата на граѓаните.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

 

Од утре ќе биде објавен јавен повик преку кој Министерството за економија ќе дели ваучери со вредност од 25.000 денари за домаќинство за оние што живеат на територијата на Пелагонискиот Регион и во Југозападниот Регион, во кој влегуваат општините Битола, Демир Хисар, Кривогаштани, Крушево, Могила, Прилеп, Ресен, Новаци и Долнени, Вевчани, Дебар, Дебарца, Македонски Брод, Охрид, Пласница, Струга и Центар Жупа. За овие општини во програмата се определени вкупно 100 милиони денари. Освен овие, другите средства се предвидени за другите градови, најави министерот Бектеши.

Тој ги повика сите граѓани што ги исполнуваат условите од утре да се пријават во Министерството за економија. Услов за добивање ваучер од 25.000 денари е домаќинствата во изминатите три години да не користеле средства од кој било извор за надоместок на трошоци за грејни уреди, печки на пелети или високоефикасни инвертер клима-уреди, да немаат приклучок на централно градско греење, уредот да го купат во текот на 2024 година, но и купениот уред, за да се избегнат манипулации, задолжително да грее на надворешна температура од минус 15 степени.

Предвидено е да се поделат 7.000 ваучери, но министерот Бактеши рече дека има можност да се зголемат средствата.

Ваучер од 25.000 денари за домаќинство е предвиден за општините од Пелагонскиот и од Југозападниот Регион, а за домаќинствата од другите региони предвиден е ваучер од 23.000 денари.

 

 

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.