Од Министерството за здравство денеска информираа дека изминатите денови се назначени 14 нови в.д. директори на јавни здравствени установи низ државата.
Нов в.д. директор на охридската Општа болница е д-р Горан Маркоски.
Д-р Горан Маркоски е специјалист по гинекологија и акушерство во Одделението за гинекологија и акушерство при Општа болница во Охрид.