Се чини дека зимата е пред нас, но барем во рeгионот. Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија издаде предупредување. Вечерва во повеќе делови во Србија врне снег, а на места се формираше и снежна покривка. Во петок, уште пообилно ќе паѓа снег во речиси во цела држава.
Во текот на вечерните часови на територијата на областа Златибор имаше обилни врнежи од снег. На патиштата кон планината Тара за неполн час падна големо количество снег, а се задржа и на патиштата.
Снежната бура почна наеднаш, дува толку силно што едвај се гледа прст пред око. На коловозот веќе има околу 10 сантиметри снег. Вечерва дефинитивно не се шегува зимата, вели за РИНА Петар Лазиќ од Бајина Башта.
Снег паѓа и во другите општини, а на планинските превои состојбата не е толку голема. На возачите им се препорачува да бидат многу внимателни, особено преку Борова Глава.
Надлежните патни служби се во максимална готовност, а механизацијата е веќе испратена на терен.
Останатите делови на Србија, особено Чачак и Косјериќ, беа погодени од силен дожд пропратен со ветер во вечерните часови.
Арктичкиот удар на студен воздух веќе пристигна во Европа. Британија беше прва на удар. Снегот го затрупа поголемиот дел од земјата, температурата се спушти до минус 11 степени.
Од УХМР за текот на утрешниот ден информираат за променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец (наместа над 80 km/h).
Прогноза за 22.11.2024
Минимална температура: -3°C до 6°C
Максимална температура: 10°C до 17°C
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 30л/м2). Преку денот ќе дува засилен ветер од јужен правец, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен, (наместа над 70 km/h). Врнежите од дожд ќе преминат во снег и на некои пониски места, при што ќе се формира снежна покривка.
Прогноза за 23.11.2024
Минимална температура: -5°C до 4°C
Максимална температура: 2°C до 10°C
Претпладне променливо облачно, во западните делови со слаб снег. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен северен ветер, особено долж Повардарието.
