Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 04:34 часот во подрачјето на Охрид и неговата околина.
Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е дел од серија потреси со епицентри во регионот Пештани–Охрид–Струга, околу 102 километри југозападно од Скопје.
Земјотресот почувствуван во 04:34 часот во Охрид и околните места имал интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала, додека во другите делови од југозападна Македонија интензитетот бил од III до IV степени.
Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) информира дека епицентарот бил лоциран на длабочина од 5 километри, на 4 километри североисточно од Охрид.
Иако предизвика вознемиреност меѓу граѓаните, досега не се пријавени материјални штети.
Охриѓани утрово ги разбуди силен земјотрес, познато каде е епицентарот
