HomeАктуелноЗемјотрес регистриран во околината на Ресен, почувствуван и Охрид

Земјотрес регистриран во околината на Ресен, почувствуван и Охрид

Земјотрес со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала, регистриран е утрово во 05:56 часот, на 28 километри североисточно од Охрид, во околината на Ресен, соопштија од Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според информациите, епицентарот на земјотресот бил на 17 километри северно од Ресен, на длабочина од 12 километри.

Ова е трет послаб земјотрес што е регистриран во Република Македонија во текот на изминатава недела. Претходните два беа со јачина од 2 и 2,3 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во скопското подрачје.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.